Убави вести

Денеска се одбележува Светскиот ден на здравјето

Низ светот денеска се одбележува 7. април, Светскиот ден на здравјето. Одбележувањето на овој ден кое е под покровителство на Светската здравствена организација има за цел да ја подигне свеста за здравјето на сите луѓе.

Годинава, 7. април се одбележува под мотото „Депресија – ајде да разговараме“, а СЗО проценува дека на глобално ниво 4.4 проценти страдаат од депресија. Во земјите каде што се одбележува овој ден денеска преку низа настани ќе се потенцира дека депресијата се лекува и дека треба да се побара лекарска помош при појава на депресивни симптоми.

Имено, овој ден за првпат се одбележал во 1950. година, а одбран е токму 7. април бидејќи на тој датум во 1948 е формирана СЗО.

Поврзани статии

Back to top button