Убави вести

Православните го слават Благовец

Православните христијани денеска го слават Светото Благовештение, празник кој меѓу народот е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне… Овој празник е постојан празник што значи дека секоја година се слави на 7. април.

Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка, но и со самиот Исус Христос и затоа се смета за двоен празник: Господов и Богородичен.

Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Помеѓу народните верувања за овој ден најинтересни се она дека овој овој ден е благ, денес раните не болат, па затоа на девојчињата денес им ги дупат ушите за обетки и она дека со денешниот празник е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, односно се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Денеска именден слават Благоја, Блаже, Благица итн. На сите оние кои денеска слават именден тимот на ubavo.mk им го честита и и им посакува да им се случуваат само убавини.

Поврзани статии

Back to top button