Убави книги и филмови

Книги кои ќе ве освојат од првата страница

Богат е оној кој чита. Оној кој патува во бескрајните предели на пишаниот збор и открива многу приказни, запознава илјадници ликови и судбини.

Ви подготвивме листа од 3 предлог книги кои задолжително треба да се прочитаат. Книги кои зборуваат за тоа дека понекогаш тековите на судбината се непредвидливи…

„Луна“ – Винка Саздова

Македонската писателка Винка Саздова создава приказни во кои ќе се вљубите. Таа е авторка на книгите „Последниот чај“, „Полиња со диви нарциси“ и „Понекогаш доаѓа среќа“.

„Луна“ е приказна за нештата кои сме ги премолчале. Книга која раскажува за незавршените комуникации во нашите животи. Роман во кој две жени тргнуваат во откривање на минатото на еден човек кој и на двете им значел премногу. „Луна“ е роман кој ќе ви предизвика и насмевки и солзи и ќе ве натера да погледнете длабоко во себе.

„Ваби – Саби“ – Франсеск Мирајлес

Шпанскиот писател Франсеск Мирајлес кој својата светска слава ја стекна со книгата „Љубов со мали букви“, во книгата „Ваби – Саби“ ни покажува колку животот може да биде непредвидлив.

Херојот на оваа книга, Самуел започнува да добива чудни разгледници од Јапонија. Еден неочекуван настан го поттикнува на далечен пат кон оваа азиска земја. Таму, Самуел со соочува со несовршеноста на постоењето, со фактот дека љубовта понекогаш се случува во невообичаена форма и во неочекувано време.

„Сестрата на Зигумнд Фројд“ – Гоце Смилевски

Македонскиот писател Гоце Смилевски е роден во Скопје, 1975 год. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Образованието го продолжил на Карловиот универзитет во Прага и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта.

За „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија,  а во 2012 година Наградата за медитеранска култура.  Романот е преведен на преку 30 јазици во светот и е фиктивна биографија за жената која живеела во сенката на својот брат, приказната за Адолфина, сестра на познатиот психоаналитичар Фројд кој ги постави темелите на психоанализата.

Поврзани статии

Back to top button