Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Дијана Неделковска

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува успешната спортистка Дијана која е и трикратен светски првак во екстремна самоодбрана! 

Рецепт за убав ден за мене е исполнет или продуктивен ден. Деновите насловени како оние за одмор се нешто што си го дозволуваме самите на себе по основ на хедонизам. Ги сакам,  но ги практикувам во помали а со тоа и во поефикасни дози.

Ако веќе би морала да го опишам,продуктивниот ден најчесто веќе е започнат од претходниот. Што би значело дека утрото каде и да сум си дозволувам да е само мое. Најчесто тоа се ритуали кои што секоја една жена треба да си ги посвети самата на себе, во мојот случај тоа е прошетката во природа со моето куче, следи здравиот оброк, затоа што кафето не ми претставува никаков стимуланс за “подобро утро”,  по што полека го започнувам “работниот ден”.

Откако ќе си ги задоволам сопствените потреби за почеток на денот, започнува организираниот “хаос” во кој секоја обврска си има почеток, реализација и крај.

Луѓето кои што не се дел од мојот живот често мислат дека немам приватен живот или слободно време, но највероватно затоа и спаѓаат во таа категорија. И покрај обемната агенда на работни обврски кои не познаваат сабота и недела, целокупната реализација е 100% делотворна и исполнителна.

Крајот на денот секогаш е резервиран за моите најблиски и најмили. И ова во основа би ме опишало мене во еден ден. Но тоа не е прашањето на темата. Прашањето е рецепт за убав ден?

А тука имам едноставен одговор. Рецепт за убав ден е кога во раката имам пасош, повртаен билет до одредена дестинација и детска превозбуденост од запознавањето со новите култури, традиции, архитектура, убавини …

 

Поврзани статии

Back to top button