ЖивотУбави совети

Дерматолози советуваат како до здраво и младо лице и после 30…

Светски дермалтолози советуваат што треба и што не треба да правиме за сјајна и здрава кожа во касните дваесети… Прочитајте ги внимателно следниве правила за кожа полна живот!

– Секогаш чистете ја кожата наутро и навечер, со нежни препарати кои нема да ја оштетат кожата.

– Користете SPF заштита секое утро и следете ја оваа рутина: чистење, серум, SPF, хидрантно средтство.

– Ако имате мрсна кожа, не користете производи кои содржат масло.

– Бидете внимателни со пилингот бидејќи тој предизвикува влага на кожата.

– Маски за лице со авокадо се одличен избор, а кокосовото масло совршено ја навлажнува кожата на телото.

– Не користете средства за самопотемнување, бидејќи тие предизвикуваат оштетување на ДНК.

– Користете ги производите кои го стимулираат производството на колаген (на пример, серуми со витамин Ц).

– Најдете крем против брчки кој ви одговара. Сега е време да започнете да го користите.

– Не ви е потребен ботокс додека не ги видите првите брчки на лицето. И тогаш не ви е потребен.

– Не претерувајте со дерматолошки третмани – не ви треба лице кое не може да покаже емоции.

– Ако имате мозолчиња и флеки, производите со ало присуство на киселини може да ви помогнат.

– Ако имате акни, не заборавајте да посетите дерматолог.

– Бидете внимателни што јадете. Храната богата со витамин е најдобро за кожата.

– Секогаш пијте доволно вода, но не претерувајте.

– Не се вознемирувајте, бидејќи стресот навистина ја оштетува кожата. Најдете го вашиот омилен начин на релаксирање.

Поврзани статии

Back to top button