ЖивотУбави совети

Зошто е важно да му пуштате музика на вашето дете секој ден?

Музиката е лек за душата. Од мали нозе децата треба да се научат да уживаат во убави ноти и мелодии. Доколку расте со квалитетна музика детето со сигурост ќе ги развива многу повеќе виугите на умот.

Веднаш по раѓањето, на детето треба да му пуштате да слуша музика, а подоцна и да го насочите да пее или да свири на некој инструмент, доколку почувствувате талент и желба. Децата учат зборови со тоа што ги слушаат илјадници пати од другите во нивната околина. Затоа секојдневно слушање на музика е многу важно за развивање на музичкиот талент на детето.

Плочи, касети, ЦД-а и видеа се користат за да им се помогне на децата да научат ноти, фразирање, динамика, ритам и да препознаваат квалитетни и убави тонови. Големите уметници, како што е Моцарт, биле опкружени со одлични перформанси од раѓањето.

УЛОГАТА НА РОДИТЕЛОТ

Како и во учењето на мајчиниот јазик, улогата на родителите во раното музичко образование е од витално значење. Од нив се очекува да вршат надзор над вежбањето на своето дете дома, а не да остават самостално да вежба.

За да знае што и како треба да работи родителот дома со детето, еден од родителите треба да биде присутен секој пат кога детето има час со наставникот и да внимава и забележува. На овој начин, родителите учат за музиката и инструментот паралелно со детето. Иако од родителите не се очекува да можат да свират, многу често, еден од родителите учи да свири пред детето, со цел подобро да разбере што се очекува од детето. И родителите и наставникот се обидуваат да обезбедат средина во која ќе учат со радост и уживање. Животната средина е многу важна – ако детето е опкружено со луѓе кои ги сакаат, поддржуваат, негуваат и стимулираат учење, развојот и напредувањето се неизбежни.

Децата кои растат со музика стануваат задоволни личости со благосостојба на високо ниво.

 

Поврзани статии

Back to top button