ЖивотУбави совети

Како да ја негувате кожата на лицето во овие студени денови?

Студот, ветерот, централното греење и престојот во затворени простории, се фактори кои негативно влијаат на кожата на лицето за време на зимските денови, предизвикувајќи загуба на влажност и сушење. Затоа е важно во зимските месеци на кожата да и посветите посебна нега и грижа.

Како да се негува сувата кожа? Експертите препорачуваат примена на интензивна хранлива крема два пати на ден, вклучувајќи ги и оние кои содржат и навлажнувачки состојки и липиди за да се спречи загубата на вода. Избегнувајте агресивни лосиони за чистење на лицето и несоодветни козметички производи кои дополнително ја влошуваат состојбата на кожата. Користете само безалкохолни тоници. Употребувајте благи лосиони и млека за да ја исчистите кожата секојдневно, а еднаш неделно направете благ пилинг на  кожата.

Хидратација – Што погуста е кремата, толку е подобра за кожата во зимските месеци.  Практикувајте масажа и терапија која ќе се овозможи обновување и регенерација на кожата и дехидрирана кожа ќе ја врати влжноста и виталност. Креми користите секој ден, во текот на зимата кремата треба да биде богата со хранливи состојки кои ќе ја заштитат кожата, ќе обезбедат доволно влажност и ќе ја задржат мека. Во зима, користете средства за чистење кои не ја сушат кожата а обезбедуваат дополнителна нега.

Витамини и минерали – Во текот на зимата, зголемете го внесот на витамини и минерали во вашето тело за понатамошна заштита на кожата од сушење. Витамините се најважни за здравјето на кожата. Витамин А спречува загубата на колаген, како и провитамин Б5 кој длабински ја обновува кожата и ја лекува. Хранете се здраво, имајте редовен мирен сон и кожата ќе ви се заблагодари.

Поврзани статии

Back to top button