Од васУбави муабети

Времето прави чудни работи, ќе помине некоја недела, некој месец и тогаш веќе болката ја нема…

Знаеш, по некогаш мислам дека ќе помине, дека почнало да поминува и таман кога ќе помислам дека завршило ќе ми се појавиш од негде. Во тој момент не дека не можам да се соочам со тебе, можам и тоа како, научив, или можда ти ме научи… јас во тој момент не можам да се соочам со сама себе! Не знам каде сум, не знам што сакам, што можам и не знам што да ти кажам, се гушам. И така ќе помине средбата некако едвај (фала богу па ретки се). Кога ќе се свртиш да си заминеш почнувам да се потам, да се тресам, срцето го осеќам во грло, губам здив и почнувам да мислам колку те сакам па се смешкам сама со себе. Откако ќе се свестам почнувам да те мразам за се што си ми направил, да се мразам за се што сум ти дозволила да ми направиш и за се што сум испровоцирала да направиш, што сум била наивна и желна за љубов и сум ја барала таму каде што ја нема. Мразам што секогаш за се сум ти наоѓала оправдување, со години си ги лечел своите фрустрации на мене, а јас наивно сум верувала дека сепак можеби нештo чустваваш за мене чим нонстоп на мене се навраќаш. Верував и дека јас те сакам тебе па си се оправдував сама себе дека затоа ти попуштам, па се убедував дека ми е сеедно за тебе, а само кога ќе ми пишеше јас добивав тахикардија и дотрчвав кај тебе. Имаше и периоди кога ти бев лута, кога пробував да држам до себе ама баш тогаш ти уште повеќе збудалуваше, уште повеќе земаше замав, се хранеше со мојата болка и и долеваше масло за уште повеќе да гори. Оганот во гради успеваше да ме натера да те игнорирам некој период ама нели времето прави чудни работи, ќе помине некоја недела, некој месец и тогаш веќе болката ја нема. Останува само она мое убедување дека сепак ти значам, помешано со малку гнев и лутина, па понесета од тие измешани чуства имав желба да направам јас и ти да се осетиш барем на кратко како ми било мене. Желна за тебе и освета од ново влегував во таа пеколна игра, игра во која секогаш бев губитник ама не ти дозволив ни ти никогаш да се закитиш со титулата победник. Можеби тоа и ми беше грешката. Можеби требаше да те оставам да почуствуваш дека си ме поразил, затоа што многу пати и така беше, може така ќе се откажеше од играта, ама гордоста не ми дозволи.

Поврзани статии

Back to top button