Убави вести

Во Битола ќе се одржи хуманитарен базар

Неонатолошкото одделение при Клиничката болница Битола и  Граѓанска асоцијација Битола организираат хуманитарен велигденски базар. Базарот се одржува под мотото: „Да си подадеме рака за нашата иднина, да се вклучиме сите… Наша радост… наша среќа… наша иднина “.

Настанот ќе се случува на плоштадот Магнолија во четврток, 13.04 од 11 до 18 часот.

На базарот, сите посетители ќе имаат можност да купат велигденски производи кои ни требаат за велигденската трпеза. Собраните средства од продажбата ќе се наменат за купување на она што му е потребно на Неонатолошкото одделение при болницата, како пелени и облека за новороденчињата кои доаѓаат на свет токму во оваа болница.

Поврзани статии

Back to top button