Јас и мојата малечка, денес, утре, секогаш и засекогаш!

На некои подароци им се радуваме целиот живот! Подарокот од најблиските е најважниот подарок што може да го добиеме. Морам да ви признаам дека мојот подарок е најпосебен и насладок на светов. Сестра ми ми го подари, а ќе го чувам и ќе му се радувам се додека дишам. Како ја гледам дека расте така и јас растам со неа, толку е мала а со толку многу љубов во неа. Мојата внука ми е дар од Бога. Мојата малечка е мојата гордос, утеха и среќа. Често пати си разговарам сама со себе, и постојано истото прашање си го поставувам…Како сум живеела јас пред неа? За што сум се радувала, од каде сила сум црпела? Целиот мој живот неа ја чекав, мала, слатка и искрена, крофна на тетка. За неа се на светот, неа за ништо!Најубавите моменти до сега ми се оние со неа, насмевки безброј, гушкања без граници и бакнежи до небо… Јас и мојата малечка, денес, утре, секогаш и засекогаш!

loading...