Од васУбави муабети

Народот секогаш ќе има што да каже…

Понекогаш си размислувам како е возможно сите да мислат за секого освен за себе. Како е возможно среќа своја да немаат па на туѓа несреќа да се радуваат. Болките зар така се лекуваат? Сеејќи омраза и презир? Зборувајќи невиситни и туѓи вистини? На милион добри дела, едно лошо чекаат. Кога, кога ли ќе почне овој народ за себе да живее…

Па зошто и јас да живеам онака како што сака народот? Па народот секогаш ќе има што да каже, што да озборува и на што да се исмејува. Мој е животот, еден и единствен ми е, ќе го живеам наместо да го преживувам. А, мој совет е сите вие кои ќе ме прочитате да зачекорите по мојот пат, да ги одминете себичните, дволичните и лицемерните озборувачи секогаш кога ќе ви застанат на патот. Живејте другари!

Поврзани статии

Back to top button