Стан во Москва – совршен пример за успешна комбинација на модерни и класични елементи!

Елена Белкова го дизајнирала овој стан во Москва и е совршен пример за успешна комбинација на модерни елементи со класика. Тој е дизајниран така што мебелот кој го купил сопственикот се искомбинирал и наредил на право место со вистински детали.

Резултатот е хармоничен простор кој го комбинираат гламурот и класицизмот.

Нијансите од сребрено, црвено и црно даваат на целата внатрешност посебен сјај. Станот е совршен пример за внатрешен дизајн, но можеби е малку “строг” за да биде дом.