ЖивотУбави совети

Кога треба да ја ставите пријателката пред партнерот?

Кога ќе започнеме врска, нормално е нашиот партнер постепено да ни стане најважен, и честопати можеме ненамерно да ги запоставиме нашите пријатели. Се разбира, ова однесување е сосема во ред, но сепак, некаде во умот, мора да знаеме дека партнерот можеби еден ден ќе го снема, додека пријателите остануваат засекогаш.

Затоа, тука се 6 ситуации во кои вашата пријателка треба да ви биде приоритет:

Кога ќе раскинете со дечкото.

Кога таа ќе раскине со нејзиното момче.

Кога не сте ја виделе со недели.

Кога меѓу вас две постои тензија од дадена расправија.

Кога ја мачи нешто или се двоуми дали нејзиниот партнер е оној вистинскиот.

Кога ќе доживее некаква загуба во животот.

Запомнете дека пријателството мора да се храни од година во година, ваша должност е да не ја заборавите вашата пријателка. Во тој случај, таа ќе ја разбере вашата потреба да поминувате повеќе време со партнерот и ќе ви помогне и ќе го  балансира времето за вашето пријателство. Потребно е секогаш да бидете таму една за друга, бидејќи тоа е она што ве прави двете посилни!

Поврзани статии

Back to top button