Убави книги и филмови

Книги кои раскажуваат поинакви љубовни приказни

Времето денеска баш и е не е погодно за долги прошетки на отворено. Но, тоа не значи дека дома треба да ви е досадно.

Одбравме неколку книги кои раскажуваат за љубовта, секоја од свој агол, за тоа колку емоциите може да бидат различни, понекогаш несфатливи и чудни… 

Еден ден – Дејвид Николс

Ова е приказна која раскажува за Декстер и Ема кои засекогаш ќе го помнат денот на нивното дипломирање. Од тој ден, многу нешта се менуваат. Во книгата читаме за дваесет години од животот на главните ликови, за сите убави и не толку убави нешта кои им се случуваат и кои се поврзани со датумот кога дипломирале, 15. јули. Оваа книга беше инспирација и за филм, а главните улоги во филмот ги толкуваат Ен Хатавеј и Џим Старџис.

Да се сака со отворени очи – Хорхе Букај

Оваа книга е една од најдобро продаваните во светски рамки кога станува збор за овој автор. Хорхе Букај е еден од најпознатите психотерапевти во светот и еден од најомилените автори кој во своите книги на прекрасен начин ги портретира човечките односи и љубовните врски. Ова е книга за чудата на љубовта и заљубеноста, за чувањето на чувствата и за тоа како да се одржат врските во живот.

Огледана во тебе – Силвија Деј

Еден еротски роман треба да биде добро напишан за да не ја премине тенката линија помеѓу суптилна еротика и брутална вулгарност. Ова е токму таков роман! Страсна приказна за љубовната врска на Ева и Гидион која е зачинета со жртви, љубомора, потресни моменти од детството и напнатост. Ова е романот кој ги освои жените ширум светот.

Поврзани статии

Back to top button