КариераУбави совети

Сакате да ја подобрите вашата кариера?

Сакате да ја подобрите вашата кариера? Постојат три чекори за патот кон успехот:

1. Престанете да се извинувате

Ако сте направиле грешка, извинете се, но ако постојано се извинувате без причина, ја губите моќта во секоја смисла на зборот. Луѓето треба да почнат да ги слушаат жени на поинаков начин. Но, жените не треба лесно да се откажат од својата моќ и мора да научат соодветно да решаваат одредени ситуации.

Во комуникацијата, балансот помеѓу топлината и директноста е најважен. Можете да се смеете, но останете решителни за вашите барања. Секогаш останете во добра комуникацијата, но исто така јасно покажете ги вашите желби и барања.

2. Бидете креатор на вашата прилика

Станете жена која е секогаш на вистинското место во вистинско време. Треба сами да си создавате свои можности и да си создадете свое место во деловниот круг. Образованието, стекнувањето контакти, одењето на разни конференции, состаноци и обуки, се многу важни за развојот на вашата кариера. Значи, запознаваме потенцијални соработници и добиваме простор за нови идеи.

3. Променете го вашиот став кон неуспех и неискуство

Жените неуспехот во работата честопати го доживуваат лично. Се плашат да ризикуваат и да се изборат за свое место во општеството па често седат безгласно во сенка. Секој нов неуспех ќе ве направи посилни, верувајте во себе, оти тој што работи тој и греши. Не плашете се да побарате нов проект каде максимално ќе се посветите и издигнете.

Самодовербата е рака под рака со искуството. 

Поврзани статии

Back to top button