Идеја за денешниот ручек – малку калории и многу енергија!

Лесни, ниско калорични и здрави оброци во овој период од годината на сите ни се потребни. За вас одвоивме рецепт кој навистина е брз за подготовка, вкусен е и загарантирано нема да ве здебели.

Состојки :
5-6 големи парчиња цвекло
1 поголем карфиол
4-5 големи моркови
стар кромид
маслиново масло
2-3 лажички семки од тиква
2-3 лажици семки од сончоглед
1 грст ореви

За сос: 2-3 лажици маслиново масло, 2 лажици сок од лимон,
2 лажички сецкан свеж магдонос, 1мала павлака, 1 лажица сенф и сол, бибер и куркума по желба.

Постапка:
Загрејте ја рерната на 200 ° C Убаво имијте го и исечкајте го зеленчукот на коцки. Поставете хартија за печење, наредете го зеленчукот, посипете со сол, зачини и ставете маслиново масло. Печете на 200 ° C (или 185 ° C со вентилатор) околу половина час, потоа додадете ги измешаните семиња и вратете во рерната уште 10 минути.
Додека се пече зеленчукот направете ја мешавината за сосот и попрскајте го зеленчукот 5мин пред самото вадење од рерна.

loading...