Убави книги и филмови

Книги кои ќе ви го разубават продолжениот викенд!

Одбравме три навистина интересни книги кои ќе го задржат вашето внимание.

Ана и францускиот бакнеж (Стефани Перкинс) Ќе успее ли Ана да пронајде љубов во градот на светлината? Ана е среќна во Атланта. Има лојална, најдобра другарка и е вљубена во колегата со кој работи во киното. Тој само што почна да ја забележува. Така што, не е многу одушевена кога татко ѝ решава да ја прати во интернат во Париз за таму да ја помине последната учебна година. Но, иако Ана воопшто не зборува француски, таа запознава неколку суперлуѓе, вклучувајќи го и згодниот Етјен Сент Клер, кој набрзо станува нејзин најдобар пријател. За жал, има девојка – а, можеби и Ана има момче. Дали годината преполна со романтични недоразбирања ќе заврши со францускиот бакнеж на кој Ана се надева?

Ангелски повик (Гијом Мисо) Во метежот на најголемиот њурошки аеродром двајца деловни луѓе, буквално, ќе налетаат еден на друг. Мадлин и Жонатан брзо ќе ги соберат растурените работи и ќе продолжат секој на своја страна. Тие никогаш претходно се немаат сретнато, а и веруваат дека таа средба веќе нема да се повтори. Сепак, брзајќи да ги соберат своите работи, случајно ќе си ги заменат мобилните телефони. Кога ќе ја согледаат грешката, веќе ќе ги делат повеќе од десет илјади километри – тој е сопственик на ресторан во Сан Франциско, а таа работи во една париска цвеќарница. Иако се свесни дека чепкаат во туѓата приватност, нема да можат да одолеат и ќе ја прегледаат содржината на телефонот што е случајно кај нив…

Азнадар (Мубера Мисини) Самоспознавањето е сила која преобразува, се што бараме, се што сакаме, се што мислиме дека го има некаде надвор, се се наоѓа вон ас. Се што говориме или упатуваме некому се однесува само на нас. Аворката со една интересна порака до сите: Ти никогаш не можеш да излачиш толку отрови колку што јас можам од нив да направам лекови.

Поврзани статии

Back to top button