ИнтервјуаУбави луѓе

Интервју со Милена Антовска: Кога се сака, сè се може

Таа е ранобудна девојка која во утринските часови ја гледаме на телевизијата Канал 5. Секогаш насмеана и позитивна успева да го привлече нашето внимание. Милена Антовска за читателите на ubavo.mk зборува за нејзината работа, дестинациите кои ги сака, книгите кои ги препрочитува и за нејзината свадба.

ubavo.mk: Сакаме да ве навратиме на вашите почетоци во кариерата. Кога за првпат се појавивте на телевизија, што чувствувате тогаш?

Пред 8 години прв пат се појавив на екраните. Имав трема нормално, затоа што немав искуство, но со тек на време се ослободив од таа трема и почнав да се чувствувам како дома. 🙂

ubavo.mk: Водител сте на утринска програма во која и гледачите се јавуваат. Како се справувате со толку различни карактери и коментари, но и со упорни гледачи кои се јавуваат скоро секое утро?

Многу лесно. Кога си природен и искрен со гледачите тие го чувствуваат тоа и враќаат со иста мера.

ubavo.mk: Телевизиските лица мора да се убави, пријатни за око, негувани. Која е вашата тајна за свеж изглед во раните утрински часови? Кои се ритуалите за разубавување кои најчесто ги практикувате?

Телевизијата е таков медиум што бара и сака убави и негувани лица. Еден од предусловите треба да е тој барем според мене. 🙂 Се трудам да спијам доволно, практикувам козметички третмани соодветни зa моето лице и возраст, а и генетиката тука игра своја улога. Не правам ништо посебно и различно од останатите девојки кои се грижат за себе.

ubavo.mk: Како се постигнува балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот, ососбено кога работите ваква професија?

Кога се сака, сè се може. Со добра организација се може да постигне. Во одреден момент чувствуваш што ти е приоритет, па така и се однесуваш и делуваш. За сè има време.

ubavo.mk: Кога во прашање се патувањата, која дестинација Ве има освоено максимално? Би живеела ли таму?

Па, јас сепак сум за Европа… Италија, Шпанија, Франција. Мислам дека би можела да живеам во некои од овие земји.

ubavo.mk: Доколку не бевте она што сте сега, што би биле?

Пејачка, хахаха, се шегувам. Не знам, веројатно нешто поврзано со деца.

ubavo.mk: Кои се книгите што ги препрочитувате и филмовите што ги имате изгледано повеќе пати?

„Рингишпил” од Јелена Бачиќ Алимпиќ, мојата омилена писателка, а филм “The Notebook”.

ubavo.mk: Наскоро ќе се случи и најголемиот ден во вашиот живот, вашата свадба. До каде сте со подготовките?

Па речиси сè е подготвено, остана уште малку време, ги средуваме последните подготовки. Следниот викенд е црквата, а потоа прославата во ресторан.

фото: приватна архива

Поврзани статии

Back to top button