Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Алек Наумовски

Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува шармантниот Алек Наумовски. 

Мојот рецепт за убав ден е едноставен. Да се побегне за викенд некаде на планина или на некое од прекрасните места кои ги има нашата земја во изобилие. Нема утка ако сте со луѓето кои ви значат, јас така направив и го имав најубавиот ден. Отидов на Галичник, поглед на природа од која останавме стаписани, поставеноста на куќите на височина, експолизија на бои, буквално се цвета и притоа најубавото јадење по македонски рецепт создава моменти на убавина. Поради големата надморска височина и чувството како да се дружиш со облаците едноставно ја доживуваш големината на природата од која ние сме мал дел. Причината за која отидов таму беше прослава по повод 20 години другарство со моите Коки и Маца на кои сум им бескрајно благодарен на ова што сум денес. Убавината е насекаде околу нас, од нас самите зависи дали ќе ја препознаеме.

И да, убаво ми е кога ве читам зошто чувството е повеќе од убаво 🙂 Живели за убавото во сите нас!

Поврзани статии

Back to top button