Убави книги и филмови

Богат е оној кој чита!

Богат е оној кој чита. Оној кој патува во бескрајните предели на пишаниот збор и открива многу приказни, запознава илјадници ликови и судбини.

Светлината што ја изгубивме (Џин Сонтополо) Тој е првата личност што ја инспирира, што ја трогнува, што вистински ја разбира. Дали е судено да биде и последната? Луси мора да донесе одлука што ќе ѝ го смени животот – но за да може да ја донесе таа одлука, прво мора да ја раскаже нејзината приказна – нивната приказна – од самиот почеток. Луси и Гејб се запознаваат на факултет, на ден што засекогаш им ги менува животите на двајцата. Заедно решаваат дека сакаат нивните животи да значат нешто, да постигнат нешто важно. Кога повторно се сретнуваат година дена подоцна, личи на судбина – можеби ќе го најдат своето животно значење еден во друг… Но тогаш, Гејб станува фоторепортер кој добива задача на Блискиот Исток, а Луси гради кариера во Њујорк. Она што следи е тринаесетгодишно патување на соништа, желби, копнежи, љубомори, предавства и, пред сè, љубов. Дали судбината ги има споено? Дали по свој избор се имаат одвоено? Нивните патувања ги носат Луси и Гејб на различни континенти, но никогаш не можат да ја извадат неа од неговото срце и него од нејзиното.

Ти си тој што го сакам (Џована Флечер) Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот. Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да и каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право? Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…

Живот за живот (Сара Зар) Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба. Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка… И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ – сонцето на нејзиниот живот. Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете.Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете? Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?

Поврзани статии

Back to top button