ЖивотУбави совети

Колку минути смее бебето да биде во базенот или во морето?

Многу родители се прашуваат дали да одат на море со бебе или сепак е подобро да останат дома. Педијатрите сметаат дека бебињата се подготвени за првите летни одмори, а престојот во море со многу мало дете може да биде многу забавен. Затоа спакувајте ги торбите и овозможете си незаборавни моменти покрај водата. За одмор со мало дете, се советува да изберете поблиска дестинација, и што е најважно, да имате сигурна врска со докторот во случај на непредвидени ситуации.

Бебиња под два месеца – Ако сте на море со бебе помало од два месеци, многу е ризично да плива во морето, бидејќи за таквите мали бебиња морето не е доволно топло. Мини базенче (само за бебе) со солена морска вода или свежа вода се подобра опција бидејќи така водата ќе е топла и ќе ви е при рака за почесто ладење. Тие треба да бидат во “дебела” сенка.

Колку време можат да останат во водата – Колку време бебиња треба да останат во водата? Важно е да се следат реакциите на детето. Ако бебето почнува да се тресе и усните да му станат сини, крајно време е да се тргне од водата и да се завитка во пешкир за да се загрее. Многу бебиња уживаат во капењето во морето, но тоа не треба да биде подолго од десет минути.

После бањањето – По пливањето, морето треба да се исплакне од кожата на бебето со свежа вода. Ако сте решиле да се капете во базен, потребно е да се исплакне и после тоа капење, бидејќи водата во базенот е хлорирана, така што може да ја оштети чувствителната кожа на бебето. После капење, следи бањање со свежа вода и мачкање со заштитен крем. Не заборавајте, не треба директно на сонце да го изложувате бебето.

Поврзани статии

Back to top button