Од васУбави муабети

Ќе се сеќаваме додека паметиме, ќе тагуваме и ќе се тешиме…

Сестро моја, сакам за рака да те земам и да одиме таму, каде тревата со цветови послани ќе не пречека. Па да седнеме на нашите од трска направени столчиња, таму каде базенот со вода ликот ни го покажува. Во нашиот двор. Таму каде туршијата на баба најубаво мирирса. Таму во морето кога нуркаме а дедо грбот ни го чува. Би сакала да го чујам гласот на мама кога по нас вика од сокаци да не прибере. Таму каде тато покрај прошетките и за фотосесија не спрема. Да заборавиме на нашите избори. Ќе одиме и ќе се враќаме. Ќе се сеќаваме додека паметиме. Ќе тагуваме и ќе се тешиме. Ќе се смееме. Ќе си даваме и ќе си земаме. Ќе одиме и ќе се враќаме.

Н.М

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk 

Поврзани статии

Back to top button