Направи сам: Природен сапун за чувствителна кожа!

Маслиновото масло е една од незаменливите состојки на природниот сапун, кој лесно можете да го направите сами дома.

Природен сапун за чувствителна кожа
Состојки:
300 гр рендан сапун за бебиња
2 дл јак чај од камилица
1 лажица масло од бадеми
1 лажица маслиново масло
20 капки есенцијално масло од камилица
3 лажици прав од камилица
Подготовка: Ставете рендан сапун во сад отпорен на топлина и прелијте го со чај од камилица и полека загревајте го на пареа, повремено мешајте со дрвена лажичка се додека смесата не се стопи. Тргнете ја смесата на страна и оставете околу десет минути да се излади. Додајте бадемово и маслиново масло, есенцијало масло од камилица и на крај додадете го цветниот прав од камилица и нежно се промешајте. Истурете во мали подмачкани калапи и нека остане 24 часа за да се здрви и соедини смесата. Отстранете го сапунот од калапот, завиткајте го во хартија и оставете да се исуши околу две недели.

loading...