ЖивотУбави совети

Вкусна и необична идеја за денешниот ручек!

За денес подгответе малку поинаков, несекојдневен и вкусен ручек, оти е недела и оти целото семејство ќе е на трпеза 🙂 

Мисиркини ролати со суви сливи!

Потребни состојки: 600гр филе од мисирка, 200гр суви сливи без семка, 2 чешлиња лук, сол и мелен црн пипер.

Подготовка: исечкајте ги сувите сливи на мали коцки, излупете го лукот и ситно исечкајте го. Направете стекови од филето од мисирка, покријте ги со пластична фолија и истолчете ги со чекан за месо. Зачинете ги стековите со сечкан лук, црн пипер и сол, а на крајот посипете ги со суви сливи. Цврсто свиткајте ги како ролат и врзете ги со готварски конец. Ставете ги ролатите во намастена тава, попрскајте ги со вода и печете ги во загреана рерна на 180 стпени околу половина час.

Поврзани статии

Back to top button