ЖивотУбави совети

Овие луѓе повеќе работат од љубов отколку за финансии…

Луѓето родени во овој знак ќе најдат најголема среќа на работните места каде што ќе бидат поврзани со голем број луѓе. Со тактика и енергија може да достигнат голем успех.

Тие се среќни кога помагаат некому и затоа најдобри професии за нив може да бидат психологијата, социјалната грижа или да бидат медицинско лице.

Иако очекуваат успех во животот, малку е веројатно дека ќе го постигнат, бидејќи тие се сосема незаинтересирани за пари. Водолиите работат од љубов, не за пари. Нивниот природен идеализам ќе преовладува и тие ќе се занимаваат со работни места кои даваат малку материјална корист.

Тие не треба да се обесхрабруваат кога чувствуваат дека нивните амбиции не се реализираат, бидејќи нема ги постигнат сите успеси веднаш.

Најдобро е за нив да изберат работа каде што поголемиот дел од времето ќе им биде независно: сликарство, новинарство, давање приватни часови… Можеби независна компанија е токму она што е потребно за да бидат среќни и успешни во светот на бизнисот.

Нивните среќни броеви се шест, седум, девет, поволни денови им се петок и сабота, а бои кои најдобро им влијаат се темно сините и зелените нијанси.

Поврзани статии

Back to top button