Која книга да ја прочитате следна?

Кога не знаете што да си купите, купете си книга! Предлог три книги кои ќе го задржат вашето внимание се до самиот крај.

Мојот век (Гинтер Грас) Во романот ,,Мојот век”, во сто куси стории, една за секоја година, Гинтер Грас избира свој агол на видување за секоја од нив, за Германија и за Германците (но не искучиво за нив), за ХХ век што отпатува во историјата. Честата промена на раскажувачкиот план и ракурс, слично на филмската техника на монтажата, ја менува и сета друга карактеристика на настанот, обликувајќи го својот конечен изглед според својот директен сведок. Самиот Гарс е протагонист и директен свидетел на ано домини 1959, годината на неговиот најголем книжевен успех, на 19878, 1989 и 1998-та. Тој е еден од протагонистите и директно вмешаните во ентериерот на настаните што ги опишува. И на крајот, тој ги вплеткува своите лични сеќавања во нечии туѓи сеќавања и спомени и по заобиколен пат укажува на менталната, но и на онаа другата, историската слика на Германија, на Херманците и нивните трауми и искуства од поновата историја, а во исто време, како тие се рефлектираат и врз него лично. Честата промена на раскажувачкиот план и ракурс, слично на филмската техника на монтажата, ја менува и сета друга карактеристика на настанот, обликувајќи го својот конечен изглед според својот директен сведок. Самиот Гарс е протагонист и директен свидетел на ано домини 1959, годината на неговиот најголем книжевен успех, на 19878, 1989 и 1998-та. Тој е еден од протагонистите и директно вмешаните во ентериерот на настаните што ги опишува. И на крајот, тој ги вплеткува своите лични сеќавања во нечии туѓи сеќавања и спомени и по заобиколен пат укажува на менталната, но и на онаа другата, историската слика на Германија, на Херманците и нивните трауми и искуства од поновата историја, а во исто време, како тие се рефлектираат и врз него лично.

Анаис од Монмартр (Јана Мишо) Со куфер во едната рака и транспортер за мачки во другата, Анаис Мишел доаѓа во Париз со амбиција да ја пронајде личноста што еднаш ја напушти – себеси. Но, нештата не се такви какви што ги остави некогаш. Нова маќеа, заборавен пријател и нескротлив страв од тоа „што ако не постои професија што може да ме направи среќна“, водат до серија неочекувани настани, вино, кафе и комплициран однос со еден… дечко. Сериозно, колку може да е тешко да се пронајдеш во град како Париз? Би се изненадиле.

Се што чуваме (Кери Лонсдејл) Ејми Тирни го има вистинскиот рецепт за совршен живот: да се омажи за нејзината прва љубов од детските денови, да основаат семејство и да го откупи ресторанот на родителите. Но, кога нејзиниот свршеник, Џејмс Донато, ненадејно исчезнува во бродска несреќа, нејзината визија за светла иднина заедно со него исчезнува во морето. Наместо да чекорат кон олтарот на нивниот свечен ден, Ејми се наоѓа на неговиот погреб – настан што ја остава крајно вознемирена. Во обидот да си го обнови сопствениот живот, Ејми сè подлабоко се впушта во разоткривање на случката со исчезнувањето на Џејмс. Открива море од тајни што ја тера да се сомнева во сè што граделе заедно. Токму под површината се наоѓа вистината што може да ја ослободи Ејми… или да ја уништи засекогаш. „Сè што чуваме“ е дебитантски роман на Кери Лонсдејл и прв од трилогијата „Сè“. Во него се обработуваат темите на очајот од загубата, еуфоријата од новото вљубување и нештата што го забрзуваат пулсот при налетот на вистината за драгите личности и на што сè се подготвени тие за да нè заштитат.