ЖивотУбави совети

Подгответе вкусен ручек за 15 минути!

За денес подгответе вкусен ролат со туна. Брза и лесна подготовка.

Состојки: 1 лист обланда, 2 конзерви туна, 100гр пченка, 3 кисели краставички, 2 варени моркови, 2 лажици пржен сусам, 100гр маргарин, сол и бибер.

Обландата се става помеѓу две крпи да омекне. Туната се цеди од маслото, потоа се додава изматен маргарин и се миксира. Се додаваат три исечкани кисели краставички, исечкан морков, 100гр пченка и пржен сусам. Сето тоа се соединува и се премачкува целата обланда , па потоа се витка во ролат. Се остава во фрижидер кратко време за да се здрви. На крај се декорира со сенф или кечап.

Поврзани статии

Back to top button