Книги кои создаваат уникатно читачко искуство!

Книги кои изобилуваат со возбудлива фантазија, книги кои вредат да бидат прочитани. 

Повеќе за тајната (Д-р Лиза Лав) Повеќе за тајната ја открива вистинската природа на законот за привлечност за да можеме да ги избегнеме стапиците на духовната алчност и вистински да му служиме на светот. Напишана на јасен и привлечен начин книгата претставува решителен и храбар обид да им се објасни на читателите разликата помеѓу користењето на законот за привлечност на егоистичен и материјалистички начин наспроти духовниот начин. Навистина, мошне вредна книга!

Светлината на новите дни (Артур Кларк, Стивен Бакстер) Идејата за уред за гледање низ времето, иако многу ценета, ретко е испитувана во научната фантастика, можеби затоа што е значително помалку драматична од патувањето низ времето. Но овој фантастичен роман зборува токму за тоа.

Библиотека на душите (Рансом Ригс) Авантурата што почна со “Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин” и продолжи во “Градот на чудовишта” доаѓа до возбудлива завршница со третиот роман “Библиотека на душите”. Книгата почнува со откритието на шеснаесетгодишниот Џејкоб за неговата нова необична способнот и наското се нурнува во историјата за да ги спаси своите необични пријатели од тврдината на чудаците. На ова авантуристичко патување, Џејкоб го придружуваат Ема Блум, девојката што создава оган со рацете, и Адисон Мекхенри, кучето што може да ги надушка изгубените деца.
Од модерниот, денешен Лондон до заплетканите улички на Ѓаволскиот крај, најозогласеното место во викторијанска Англија. Место во кое ќе се реши судбината на сите необични насекаде низ светот. Како и нејзините претходници, “Библиотека на душите” изобилува со возбудлива фантазија и со досега необјавени стари фотографии, кои создаваат едно уникатно читачко искуство.