Домашна купка за уморни стапала

Уморните и ладните стапала загрејте ги во топла купка која можете да ја направите на многу едноставен начин. 

Измешајте 50гр лаванда, жалфија, 1литар дестилирана вода, иглички од елка и јаболков оцет, а потоа оставете ја оваа мешавина да отстои три недели.

Добиената мешавина користете ја во комбинација со малку морска сол и топла вода и резултатите ќе ве изненадат позитивно. Во оваа купка држете ги стапалата половина час, потоа леснотијата сама ќе дојде.