Сакав да е сон, сон кој одамна не сум го сонувала…

Тукушто заборавив дека те изгубив, ти се појави, се појави со истиот глас и истиот боженствено добар стас. Сакав да е сон, сон кој одамна не сум го сонувала. Ти, ти беше мој сон, беше мое јаве, ми беше ти на мене се.

Замина без збор, исто како што сега се појави. Ти се уште имаш очи кои зборуваат, прегратки кои оживуваат, насмевки кои лекуваат. Ти се уште живееш за денес, за тебе, за мене и за нас.

Но, јас се навикнав да го живеам животот без тебе, се променив, станав имуна на тебе, а не те заборавив. Секоја среќа и онаа тага ги спакував во еден нов плик, плик полн спомени и воздишки. Го затворив, го заклучив и тогаш јас си заминав, од тебе, од нас и од себеси.

Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk