Убави книги и филмови

Книги кои вредат да бидат дел од вашата домашна библиотека

За денес одбравме предлог три книги кои ќе го задржат вашето внимание се до последната страница! 

Будалеста, слатка љубов (Џил Шелвис) Слободоумната Клои живее за кршење срца и прекршување на правилата. Таа сака да го живее животот на раб на опасност. За разлика од нејзините сестри, Меди и Тара, кои наскоро треба да се мажат, Клои не е подготвена да се скраси и да води тивок, мирен живот во семејното хотелче на плажа. Но нејзината љубов за проблеми – и нејзиниот проблем со љубовта – го привлекуваат вниманието на еден многу строг, многу секси шериф, кој многу би сакал да ја скроти оваа дива девојка. Па Клои веќе не може да прави бељи затоа што згодниот шериф постојано ѝ е зад петици. А неговата таинствена насмевка на моменти ја тера да посака да почне да го моли да ѝ стави лисици. За првпат во животот, наместо да бега од законот, Клои мечтае да му се предаде. Може ли оваа бунтовничка да најде начин за примирје со сериозниот и намќорест шериф? Дали нејзината нескротливост ќе дозволи да го најде безбедното прибежиште што го бара во малото гратче Среќно Крајбрежје?

Совршената мајка (Ејми Молој)  Заразен психолошки трилер за група жени кои заедно се дружат во нивната група на мајки и неочекувано се поврзуваат кога доаѓа до трагедија. Се нарекуваат Мајските Мајки, бидејќи сите се имаат породено во истиот месец и се сретнуваат во паркот со количките, барајќи прибежиште од стресовите што доаѓаат со мајчинството; ги делат стравовите, радостите и советите што ги имаат како тазе мајки. Една вечер по договор излегуваат без бебињата за да се опуштат малку, но токму таа вечер, нешто тргнува во ужасно лош правец: едно од бебињата го снемува од неговото креветче дома. Вини е самохрана мајка, која секако не сака да го остави бебето со дадилка, но другите жени инсистираат дека сè ќе биде добро и таа неволно попушта. Сега нејзиното бебе го нема, џандарите поставуваат вознемирувачки прашања и животот на затворената Вини се наоѓа под рефлектори. Кој е таткото на бебето? Каде всушност била мајката вечерта? Иако никој од групата мајки не е близок со резервираната Вини, три од нив преземаат големи ризици за да ѝ помогнат да си го најде синот. И кога новинарите почнуваат да им вадат душа на сите жени од групата, почнуваат да се разоткриваат штетни тајни, а браковите и пријателствата се ставени на голем тест.

Најслаткото нешто (Џил Шелвис) Тара има илјада добри причини за да не се врати во Среќно Крајбрежје, Вашингтон. Но кога животот ѝ се руши до темел, веќе го нема тој луксуз да бира, па гледа само да побегне од нејзините неисполнети соништа и нејзиниот секси бивши сопруг. Додека Тара им помага на нејзините две сестри да го разработат наследеното хотелче на плажа, конечно добива шанса да ги стави работите под контрола и да смисли нов план за својот живот. Но и покрај мирната, пријатна атмосфера во крајбрежното гратче, Тара не може да најде мир, бидејќи бегајќи од сегашноста, тука се судира со минатото што го има оставено зад себе. Односно со еден морнар со зелени очи кој ја потсетува на најголемата грешка во нејзиниот живот. За работата да стане уште покомплицирана, нејзиниот бивши маж сега сфаќа дека не смее да ја остави да му се лизне низ прсти, па доаѓа да се бори за неа. Тара е принудена конечно да реши што сака и, ако има среќа, можеби ќе го најде сè она што го бара токму тука, во малото Среќно Крајбрежје.

Поврзани статии

Back to top button