Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Ана Стојанов

Рецептот за убав ден го споделува шармантната и секогаш насмеана телевизика водителка и новинарка, Ана Стојанов.

Ако треба да кажам само неколку зборови кои ќе го опишат мојот рецепт за убав ден, дефинитивно тоа ќе бидат насмевка, позитивна енергија, љубов и дружење. Мојот ден почнува и завршува со насмевка. Она што постојано се трудам е секој ден колку што може да ми биде исполнет со убави работи, и секако блиски луѓе околу мене кои зрачат со својата позитивна енергија. Не се трујам себе си со злоба, туку уживам во малите радости, дури и мало внимание ме прави среќна и го разубавува мојот ден. Тука пред се е мојата работа во регионалната ТВ Мега од Битола, во која уживам секојдневно, дружењето со моите блиски или макар телефонски разговор со нив е непроценливо богатство за мене, а секако тука е и мојот сопруг Игор, мојата најголема поддршка, кој е изворот на мојата среќа и кој секој мој ден го прави посебен. Да не ја заборавам и онаа мисла по која се водам: „Сакајте, радувајте се на туѓата среќа, но разберете ја и туѓата несреќа.“ Правете добри дела, разубавете му го денот на другиот, за уште поубаво да се чувствувате и Вие.

Поврзани статии

Back to top button