Убави вести

Жените имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција од мажите!

За прв пат во последните сто години, жените имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција, тврди Џејмс Флин, светски авторитет во полето на таквите тестови.

“Тоа е последица на модерниот живот, бидејќи сложеноста на денешниот свет бара нашиот мозок да се прилагоди таша што го зголемува IQ”, вели Флин.

Тестовите за интелигенција во Западна Европа, Канада, САД и други развиени земји откриваат зголемување на интелигенцијата на луѓето, но тоа е особено забележано кај жените поради мултитаскинг.

Научниците од Универзитетот во Рочестер откриле во една студија која го проучува однесувањето дека постои едно нешто што интелигентните жени честопати го прават, а тоа не е токму одраз на добро образование.

Имено, тие тврдат дека нападот на гнев е проследен со сочни клетви како знак за прекумерна интелигенција кај жените.

Истражувањата покажаа дека интелигентните жени почесто пцујат и изговараат непристојни зборови од оние со пониски интелигентни коефициенти и тврдат дека пцуењето е добро и за физичката форма и за подобра издржливост.

 

 

Поврзани статии

Back to top button