Рецепт за убав ден на Бети Стојанова

Денеска во рубриката “Рецепт за убав ден” се дружиме со Бети, нејзините фотографии навистина оставаат без здив. Бети е девојка која треба да ја следите на Инстаграм, оти таа шири позитивни вибрации секојдневно. Едноставно е, стани рано и започни го денот со насмевка. Нека позитивните мисли ти помогнат во остварувањето на целите за тој ден, а и секој нареден. Потоа уживај во првото кафе на денот, додека ја пишуваш твојата ,To Do’ листа за неделата. Со добра организација, стресот кој што постои во оваа денешнина е помал. Искористи го секој ден да се надоградиш себеси во секоја смисла, да научиш нешто ново, прочитај некој нов интересен факт и сподели го со колегите од работа.
Труди се, и секогаш давај се од себе, биди задоволна сама со себе, и уживај во резултатите.