Која сум всушност јас, зошто самата не можам да се препознаам?

Вреди!

Зошто се случува ова? Која сум всушност јас, зошто самата не можам да се препознаам?
Дали се друго се смени, дали јас се сменив?
Каде сум јас?
Каде е онаа девојче, кое беше силно, кое не потклекнуваше, кое паѓаше, но самата стануваше?
Што се случи со онаа девојче кое на се се противеше, кое беше најгласно, кое пред да биде повредено,заминуваше.
Зошто сега не можам, зошто сега повеќе молчам, отколку што зборувам, зошто сум толку слаба пред тебе, зошто не можам ни малку да ти се спротивставам, зошто сум толку тиха, зошто размислувам дека е подобро да ме повредиш, отколку оставиш, Зошто?
Дали си ти одговор на сиве овие прашања и решение за сите мои проблеми.
Ти успеа, оваа девојче да го разбудиш, иако беше заспано одамна. Успеа да ме научиш пред сите да зборувам, а за тебе да немам зборови, успеа да ме научиш пред сите да сум јака, но слаба пред тебе, направи да сакам и почитувам, така како што ти го правиш тоа, но воедно пред сите гласна, а со тебе во тишина.
Но дали се е така совршено и дали ќе остане совршено?
Можеби еден ден ќе бидам само твое сеќавање, можеби ќе засакаш друга или очите кои сакам да ме гледаат само мене, ќе бидат вперени кон друга..
Можеби ќе бидеш среќен со друга, а знаејќи дека јас на тебе целата моја среќа би ти ја подарила.
Но дали некогаш ќе бидеш сакан и почитуван на начинот на кој се трудам јас да те сакам и почитувам?
Како и да е, колку и да трае, дали ќе се остварат нашите соништа или ќе останат само соништа, не знам.
Само едно знам, нашата љубов, се за тебе, ВРЕДИ!

Јована Јовановска

Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk