Вечерни грешки кои ви ја убиваат интимноста со партнерот!

Нередот ја убива интимноста. На оваа тема, правени се голем дел истражувања и сите го потврдиле истото. Доколку во спалната соба е пренатрупано од работи, предмети и мебел може целосно да изгубите желба за интимен однос.
Но, има причини плус кои ако ги практикувате, треба веднаш да престанете, оти во спротивно сексуалниот однос со партнерот ќе ви стане се понередовен. 
Кога ќе си легнете во креветот зборувате за дневните случувања и проблеми? Веднаш променете го тоа. Креветот е за уживање и опуштање.
Постојано гледате во телефонот пред да заспиете? Веднаш престанете, тргнете го мобилниот на страна, гушкајте се со партнерот. Дозволувате децата или домашното милениче да спијат во спалната соба? Не, немојте. Тоа нека биде само ваша мини оаза после напорен ден. Работите во спалната соба?
Не ја чистите редовно спалната соба?
Вашата спална соба ви служи и како дневна соба?
Слушате или читате вести пред спиење?
Веднаш, сега е време да ги промените овие работи. Не заборавајте, спалната соба секогаш треба да е средена, чиста и проветрена, а во неа поминатото време треба да биде само за вас двајца потрошено.