ЖивотУбави совети

Традиционални празнични колачиња подгответе за престојните празници!

Денес одбравме рецепт за традиционалните празнични бисквит колачи, кои се лесни за подготвка а се многу вкусни. Можете да ги направите со џем по ваш вкус, но најдобро е да се одлучите за некои кисели вкусови како вишна или портокал за да создадете совршена комбинација од слатко и кисело.

Потребни состојки: 300гр брашно, 1 прашок за пециво, 1 јајце, 150гр путер, 100гр шеќер, 1 ванилин шеќер, лимон или кора од портокал, џем и шеќер во прав.

Подготовка: Измешајте го тестото од состојките и оставете го еден час во фрижидер. Развлечете го тестото, потоа со капал извадете ги бисквитите по ваша желба. Потребни ви се две половини – една без дупка и едно со дупка.

Ако немате помал калап за правење помала дупка, можете да го користите и долниот дел на инката.

Наредете ги колачињата на мрсна хартија и печете ги во загреана рерна на 180 ° C. На крај филувајте ги со џем и попрскајте ги со шеќер во прав.

Поврзани статии

Back to top button