Убави книги и филмови

Сабота, добра книга и вкусно кафе – одлична комбинација!

За опуштен и убав викенд ви одвоивме предлог три книги. Уживајте! 

Од длабочините на заборавот (Патрик Модијано) Патрик Модијано, добитникот на Нобеловата награда за литература во 2014 година, е автор на над триесет романи и еден од најзначајните современи француски писатели. „Од длабочините на заборавот“ е емотивна приказна за една љубовна афера на двајца талкачи. Во оваа приказна, нараторот се враќа триесетина години наназад, во времето во кое ги напушта студиите, продава книги за да преживее и се запознава со необичниот пар Жерар Ван Бевер и Жаклин, и се вљубува во Жаклин. Тие бегаат заедно во Англија, минуваат неколку месеци заедно, сè додека еден ден таа не исчезне. Петнаесет години подоцна, во Париз, тие повторно се среќаваат, но таа средба е само потврда на невозможноста на минатото. Минуваат само неколку часови заедно, а следниот ден Жаклин повторно исчезнува. И речиси петнаесет години уште подоцна, тој повторно ја здогледува, но овој пат од растојание што не се осмелува да го премине. Емотивна и силна, „Од длабочините на заборавот“ е необичен, нежен, меланхоличен и смешно-тажен приказ на современата љубов.

Тета Тула (Мигел Де Унамуно) ,,Тета Тула” е приказна за животот на Гертруда, која со текот на времето станува позната како тета Тула, и за жртвите што таа ги прави за време на животот за да го задоволи поривот на мајчинството. Главната тема на ова дело е токму мајчинството, но изразено повеќезначно низ луцидната призма на Мигел де Унамуно, кој оваа тема ја разработува на мошне оригинален начин, задирајќи и во подлабоките слоеви на женската психологија. ,,Tета Тула” е еден од најпознатите романи на Унамуно.

Упатство за употреба на креативниот ум (Дејв Бирс) Креативноста е обвиена со толку голема мистика. На старите Грци тоа им било магично тоа им било толку магично, што моментот на инспирација го препишале на музите, наместо на луѓето. Оваа книга ја открива креативноста како процес. Покажува дека пред да бидете погодени од молњата на креативниот гениј, треба да следите неколку чекори. Ви покажува како да ги подготвите вашите мисли за да дојдете до идеи. Исто така, таа ви нуди и одредени техники како помош при различните пристапи кон проблемите. Дејв Бирс е поранешен креативен директор во адвертајзинг. Сега го води ,,Адитив” (Additive), бизнис чија цел е да го инспирира и поттикне маркетинг светот. Тој, исто така, е и домаќин на подкастот ,,Фјучр оф адвертајзинг” (Future of Advertising), држи говори на настани ширум светот, работи како ментор во ,,Скул оф комуникeјшн артс” (School of Communication Arts) и го дава својот мозок под наем на компании што сакаат свежи идеи. Подготвува и други книги.

Поврзани статии

Back to top button