ЖивотУбави совети

Една смеса за четири видови на мали посни колачи без печење!

Направете малку повеќе од оваа едноставна смеса и додадете состојки по Ваш вкус!

Потребни состојки за основната смеса: 500гр маргарин, 800 – 900гр мелени бисквити, 300гр шеќер во прав, 200 гр бело посно чоколадо и 150мл сок од портокал.

Додатоци: 3 лажици афион, 3 лажички кокос, мала шолја вишни, 2 лажички какао, 1 лажица рум, 100-150гр крем од леѓник, 100-150гр печени лешници, една чаша суво овошје по ваш избор (суви кајсии, смокви, сливи, брусница, грозје).

Подготовка: Шеќерот во прав се меша заедно со омекнатиот маграрин се додека не се добие соединета смеса. Потоа се додава рендано чоколадо (бело или црно). Се додадаваат малку по малку мелените бисквити и на крајот се меша се заедно со сокот од портокал.

Поделете ја смесата на 4 дела.

Во првиот дел, ставете го афионот, во вториот кокос, во третиот какао и рум, а во четвртиот додедете ги лешниците со сувото овошје.

Добро измешајте ја секоја смеса. Од едната направете бомбици, од другата коцки со вишни, од третата ролат со крем од лешник и од последната триаголници. Декорирајте ги и оставете ги во фрижидер околу 20 мин пред сервирање.

Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button