ДомУбави совети

Дали го доживувате вашиот дом како своја оаза на мирот?

Бидејќи просторот за живеење директно влијае на вашата енергија, понекогаш е потребно и добро да се реконструира, освежи и ослободни просторот во кој живеете од непотребни работи. Средениот простор позитивно влијае на вашата психа, па одвреме-навреме треба да ја расчистувате сопствената околина, со цел да додадете позитивна енергија во вашиот животен простор.

Клучот за удобен простор за живеење е добра организација. Добрата организација на просторот за живеење ќе го намали степенот на стрес, а тоа може да го постигнете со неколку совети:

  • Користете тенки закалачки – На овој начин ќе заштедите многу простор во вашиот гардеробер. Користете ги закачалките само за јакните, палтата и панталоните, кои зафаќаат најмногу простор во плакарот. Сите останати нека се распоредени уредно на полиците, за вие секогаш да знаете што каде стои.
  • Организирајте ги полиците – Нека секоја полица во вашиот стан има соодветна намена, која сте ја одбрале со размислување. Полицата треба најдобро да ви заштеди простор. Нека се биде уредно сложено, економично, но и естетски прилагодено на вашиот вкус.
  • Рециклирајте – Ако сте навикнати да собирате стари списанија и весници треба да знаете дека тие само непотребно заземаат простор во вашиот дом. Рециклирајте се што е прочитано и застарено. Без разлика дали станува збор за каталози или стари списанија, одделувајте еден куп на материјали за рециклирање на секои 10 дена и ќе видите дека ќе заштедите многу простор.

Средениот и на овој начин организиран простор во голема мера ќе влијае на вашиот мир и рамнотежа. Ќе се чувствувате многу поудобно во вашиот дом, и што е најважно, секогаш ќе знаете што каде е.

Поврзани статии

Back to top button