ЖивотУбави совети

Чоколадни коцки со авокадо!

За денес одбравме здрав и вкусен десерт. Авокадото е одлично за нашето здравје, па затоа треба да го употребуваме често. Овој десерт е идеален за оние кои внимаваат на килограмите. Добар апетит!

Потребни состојки: 

  • 120 грама пире од јаболки
  • 120 грама мед
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 3 големи јајца
  • 50 грама кокосово брашно
  • 1 големо авокадо (зрело)
  • 40 грама какао
  • 1 прашок за пециво

Подготовка:  Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад измешајте ја содржината од авокадото, пирето од јаболка, медот и ванила екстрактот. Додадете ги јајцата едно по едно и матете со миксер додека смесата не стане хомогена. На крај додадете ги кокосовото брашно, какаото и прашокот за пециво. Промешајте добро и прелијте ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете го во веќе загреаната рерна 30 минути. Оставете да се олади па исечете го на коцки.

Поврзани статии

Back to top button