Од васУбави муабети

Ти си тој…

Додека одев незнаејќи каде ти ме пронјаде.. Ми покажа колку може да биде убав свeтот, ми покажа како е да си сакана и како е да сакаш… Тоа беа можеби моите најубави денови, се разбира и најсреќни..ТИ си тој кој знаеше секогаш да ме расположиш,ТИ си тој што секогаш ми ги бришеше солзите кога целиот свет ќе ми го свтреше грбот. Да, ТИ си тој кој ме галеше нежно по косата кажувајќи дека ме сака и дека заслужувам се што е убаво и вредно на светот… ТИ си тој што најубаво гушкаше ..Ти си тој што ме освои и за кого би оставила се… Се беше убаво, зар не? Се до тој ден. Денот кога ти ми кажа дека не ме сакаш и дека веќе е крај на се… Не можев да си поверувам на тоа што го слушнав, гласно во себе викав НЕЕЕЕЕ! Дишењето ми се запираше се прашував што се случува со мене!? Плачев, те молев, те проколнував да не се разделиме, но секако ти тоа што ќе го кажеше и го правеше… Демек зборот назад не го враќаш. Во тебе немаше ни малку љубов… Глумев дека сум смирена неколку минути пред тебе, ти замина на една, јас на друга страна, а мојот свет беше уништен…. Трчав плачејќи и обвинувајќите… Не знаев каде одам и што правам. Зошто ова ми се случува мене се прашав безброј пати, што направив освен што те сакав, со што го заслужив ова? Проклет да биде денот кога те запознав и сите мигови поминати со тебе. ИДИОТ! Да, тоа си ти…  Оди во бестрага! Не си ми потребен ниту ти, ниту твојата лажна љубов!!! Ти беше човек кој ме направи среќна, но сега си човек кој најмногу ме повреди и никогаш нема да ти простам, НИКОГАШ!! Ти си тој што никогаш нема да го заборавам.Ти си тој што го уништи мојот свет!

Андријана Божиноска

Поврзани статии

Back to top button