Рецепт за убав ден на Кика Авеиро!

Денеска во рубриката “Рецепт за убав ден” се дружиме со Кика. Таа е една инспиративна, уникатна и позитивна девојка која треба да ја заследите на Инстаграм што поскоро, оти таа навистина има што да понуди!

Бидејќи работам како фриленсер, а во исто време сум и ноќна птица, моите денови никогаш не личат еден на друг. За мене убав ден е: ден кога ги работиме работите кои ги сакаме, ден кога сме научиле нешто ново, ден кога сме помогнале на некого или ден поминат во друштво на добри и инспиративни луѓе. Но сакам да кажам збор два за оние денови кои не започнуваат така убаво, кога не ни се станува од кревет и не ни се прави ништо. Како да се правиме со овие не толку убави денови и да ги претвориме во убави.

Еве 5 идеи што можете да ги вклучите во вашиот рецепт за убав ден:

  • Спознајте се себе си и најдете што ве мотивира, најдете на youtube луѓе чии зборови ве мотивираат и штом се почувствувате без мотивација и енегрија за престојниот ден пуштете си некое видео од нив и слушајте додека го пиете утринското кафе или во кола/автобус накај работа. Мене на пример ме мотивираат: Gary Vaynerchuk, подкастот на Lewis Howes, шоуто на Evan Carmichael, Oprah, итн.
  • Погледнете ја големата слика, сетете се на вашите желби и планови, потстете се дека она што ќе го направите денеска ќе ве доведе еден чекор поблиску до вашите цели. Овде може многу да ви помогне доколку имате направено vision board што е визуелна репрезентација на вашите цели.
  • Направете си плејлиста со вашите омилени песни кои секогаш ве креваат на нозе и пуштете си ја додека се спремате за на работа.
  • Испланирајте си уште од сабајле дека вечерта ќе си ја посветите на себе си и ќе правите нешто интересно, нешто за вас, во кое ќе уживате. На овој начин ќе имате мотив кој ќе ви даде сила да го истерате денот.
  • Одвојте време да се видите или барем слушнете со некој од вашите пријатели со кои муабетот секогаш ви тече со насмевка и секогаш се чувствувате поубаво кога ќе ги слушнете.