ЖивотУбави совети

Брза и вкусна идеја за денешниот ручек!

Не знаете што вкусно да ручате денес? Ние имаме супер брза и вкусна идеја за денешниот ручек: Тестенини со пилешко месо!

Потребни состојки: 300гр пилешки стек, 1дл бело вино, магдонос, една главица кромид, 3 чешлиња лук, маслиново масло, сол, црн пипер и 350гр тестенини.

Подготовка: Макароните сварете ги, прелијте ги со ладна вода и оставете ги да се изладат. Кромидот исечкајте го на ситно а пилешкото месо на коцки. Загрејте маслиново масло и испржете го кромидот. Посолете, зачинете па додадете го сечканото лукче. Потоа додадете го месото на коцки, прелијте го со бело вино и ситно сечкан магдонос. Динстајте додека не омекне пилешкото месо. Потоа сервирајте ги макароните па прелијте ги со месото и сосот.

Поврзани статии

Back to top button