Рецепт за убав ден на Ивона Јовановиќ

Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со девојката со одличен вокал Ивона Јовановиќ!

Совршен ден? Денот ми е совршен онолку колку јас дозволувам позитивната енергија да навлезе во денот. Денот ми започнува секогаш со звонење на аларм. Зошто сум голема спанка. И ако не навијам аларм ќе спијам до касно. Веднаш пуштам музика и само музиката може да ми го крене вајбот! Пуштам гласно музика затоа што секогаш сум сама дома наутро. Правам веднаш зелен чај и подготвувам некој здрав доручек. И потоа почнува мојата утринска рутина на миење лице, шминкање и спремање. Обврските се различни во текот на неделата но секој ден вежбам и тоа додатно ме прави среќна и енергична. Дали денот ќе биде совршен зависи само од мене! Јас го креирам и водам мојот ден!