ДомУбави совети

Освежете го изнајмениот стан со само три чекори!

Секој од нас замислува дека еден ден ќе имаат сопствен стан, нареден според свој вкус, но повеќето од нас сè уште не можат да си го дозволат тоа. Затоа сме принудени да живееме во веќе средени, изнајмени станови, чиј ентериер многу ретко се совпаѓа со она што го замисливме како свој животен простор.

Сепак, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да го освежите вашиот сегашен, привремен простор за живеење без големи промени и инвестиции. Една мала промена во ваш стил ќе го направи многу попријатен и удобен, а пред сè, подобро ќе се чувствувате во вашиот животен простор.

1. Додадете некоја необична светилка – Повеќе светлина е секогаш добродојдена, а ламба во некоја интересна боја или облик ќе даде сосема поинаков впечаток во просторијата и лесно е да ја транспортирате со вас за време на селење, така што тоа нема да претставуваат залудна инвестиција.

2. Украсете го мебелот – Вие не може да ја промените старата фотелја или тросед во вашиот изнајмен стан, но тоа едноставно може да се реши со додавање на неколку шарени прекривки или навлаки со интересен принт. Играјте со деталите и чувствувајте се удобно во просторот.

3. Посветете се на деталите – Деталите се се кога живеете во изнајмен стан. Тоа е всушност единствениот начин да го направите вашиот животен простор токму онака како што го замислувате. Додајте рамки со фотографии од вашите омилени спомени, различни мотивациони пораки и цвеќиња.

Поврзани статии

Back to top button