ЖивотУбави совети

Ве мачи опуштена кожа?

Како минуваат годините, како се менуваат годишните времиња така и нашата кожа трпи промени. Јасно е дека мора да се грижиме за неа, дека мора да и посветиме внимание и нега доколку сакаме мека, чиста и затегната кожа. Денеска, за вас подготвивме рецепт за домашно млеко за опуштена кожа. Направете го, лесно е за подготовка а резултатот е одличен.

Потребни состојки: една мала краставица и една чаша млеко.

Краставицата добро измијте ја и без да ја излупите изрендајте ја на најситно. Додадете го млекото и оставете ја смесата да стои барем половина час. Процедете ја смесата, натопете туфер и темелно третирајте ја кожата која ви е опуштена. После првиот третман ќе почувствувате затегнување и мекост на кожата.

Поврзани статии

Back to top button