Брз рецепт за кифлички од ореви

Вкусни, меки и сочни кифлички од ореви, подгответе за вас и вашите најмили!

Потребни состојки: 250гр путер, 200гр шеќер, 2 јајца, 300гр ореви, 100гр брашно, 1 ванила и 100гр шеќер во прав.

Подготовка: Пенасто се мати путерот со шеќерот и со јајцата, па се додава 159гр мелени ореви и 150гр сечкани ореви. На крај се става брашното за да се добие цврсто тесто. Се расукува кора со дебелина 0,5см и се сечат на ленти 18см ширина. Лентите се сечат на триаголници, се свиткуваат и се печат на 180 степени. Топли извалкајте ги во шеќер во прав, ароматизиран со ванила.