“Economic Empowering to the Women”

Еmpowering the woman to economic freedom.

„Една може“ во „Капитол мол“ организира панел дискусија за мобилизација за социјално претприемништво. Оваа година ќе се одржува и тренинг програма за социјално претприемништво и продажни вештини на социјалното претприемништво Една Прави. 

 Скопје, (24.04.2019)

Среда, 24. април 2019, е уште еден ден каде дискусијата за напредокот на општеството и улогата на жените во него ќе биде ставена на маса. Организацијата „Една може“ и социјалното претпријатије „Концепт центар една може, една прави“ во Капитол мол, во средата во 17.30 часот организира уникатна панел дискусија.

Дороти Пачкова, академски сликар и магистер на родови науки, активен борец за родова еднаквост и права на жените, претседател на здружението „Една може“ ќе ја води панел дискусијата. Нејзината цел за настанот е да отвори разговор за мобилизација за социјално претприемништво за сите жени и девојки од маргинализирани групи. Тие ги повикуваат сите заинтересирани да се вклучат во оваа дискусија затоа што ќе има значителен импакт врз општеството во кое живееме.

Самата дискусија се организира во склоп на Велигденскиот базар каде учеснички, изработувачки на накит, органска козметика, филиграни и слични изработки од „Една може“ (https://www.facebook.com/onecanednamozhe/) и од социјалното претпријатие „Една прави“, ќе бидат дел од базарот и од претставувањето на нивната тренинг програма „Економска слобода“. 

Сите деца кои ќе бидат во Капитол мол за време на Велигденскиот базар ќе имаат можност да бидат дел од уникатна креативна работилница со „Просветно дело“.