Рецепт за убав ден на Денис Ампов

Денес во рубриката “Рецепт за убав ден” се дружиме со мотивациски говорник и личен тренер – Денис Ампов! 

Рецепт за убав ден? Денот секогаш ми е убав доколку не се случи некоја непредвидена долга ноќ која ќе ме спречи да не се разбудам во моето предивдено време а тоа е 06:09. Секое утро кое започнува во 06:09 има ист тек се до 07:45. Тоа време е резервирано за утринските ритуали. Најпрвин јадам зелен продукт, кој ми е голем извор на енергија – бидејќи ме потсетува на убава природа која е рај за очи за секој човек. Потоа правам вежби за физичка активност околу дваесетина минути и се туширам. Следува визуализиација на реални настани во кои се обидувам до доловам детали за потоа полесно да ги реализирам. Запишувам позитивни моменти и мисли од претходниот ден, што ми даваат мотивација како секој нареден ден да бидам подобар.
Утринските ритуали ги завршувам со читање 25 страни книга. 
Потоа започнуваат работните обврски, каде секој ден е своја приказна – работата во продажба е многу динамична, не може никогаш се да се заврши. Ова е момент кој мораш да научиш да го живееш, односно и покрај тоа што нема се да е завршено да бидеш исполнет и среќен. Јас го применувам законот на Парето, каде се обидувам работите со најголемо значење да се завршени најнапред за бидам целосно исполнет. Во попладневните часови одам во школите и ја предавам прогарамата на Смарт Степс. Во вечерните часови се дружам со пријателите и ги користам социјалните мрежи, каде во најпродуктивните денови и се едуцирам по 1 час.
Рецептот е успешен само ако сме насмеани и задоволни на крајот од денот кога ќе погледнеме во ѕвездите, без оглед колку работа сме имале и колку време сме потрошиле.